Овој тест може многу да открие за вашиот карактер и за личноста, а ако сакате малку подобро да се запознаете себе си, тогаш не двоумете се и одговорите на прашањето.

Кое лице прво го забележавте на фотографијата? Дали гледате маж или жена на фотографијата? Одговорот ја открива вашата најсилна карактеристика:

Лице на жена

Ако прво забележавте лице на жена, честитки. Многу добро размислувате и во апстрактна и во општа и во теоретска смисла. Можете да видите поширока слика на одредена ситуација, без да навлегувате во деталите.

Иако повеќето емоции оставате настрана, во случај некој да ви се допадне, тешко таа личност ја заборавате или игнорирате. Многу работите за да уживате во удобноста, но факт е дека не ви е потребно многу да бидете среќни. Кога станува збор за односите со другите луѓе, исто како во љубовта, не им простувате на оние кои ќе ве измамат. Вас ве одликува дарежливоста, иако не сте опкружени со многу пријатели.

Кога страдате, дозволувате болката целосно да ве опфати за да можете потоа да се вратите во нормала. Вашите блиски ве ценат по способност да го воздржите темпераментот во секоја ситуација и затоа што пронаоѓате решение за секој проблем.

Лице на маж

Ако сте еден од оние кои прво виделе машко лице, имате многу причини да бидете среќни. Вие сте точни, ажурни, педантни и многу прецизни. Имате добро помнење и можете да се сетите дури на незначајни ситуации во животот.

Вие сте, исто така, многу отворени. Понекогаш ви проработува “шестото сетило” кое ви овозможува да се ослободите од проблемите. Главни сте на секоја забава и сите ве сакаат.

Иако вашата ведрина и оптимизам ве прават совршен партнер, не верувате секому. Вие сте многу чувствителни и лесно е да ве повредат, но, исто така, многу брзо простувате.

Извор: kukuriku.com.mk