Кога една жена од Австралија почнала да си ја реновира куќата не ни помислила дека на ѕидот под тапетите ќе најде порака од претходниот сопственик. 

Таа имено, кога почнала да ги симнува тапетите нашла порака од 1997 година, која ја напишал Џон, претходниот сопственик на куќата и тоа на 21 декември.

„Ако ставате тапети во оваа соба повторно, ќе ви требаат осум ролни. Купив само шест по цена од 17 долари на 5 декември и немав доволно. Тоа навистина ме налути“, пишувало во пораката.

Наместо да се нервира требало убаво да измери…