Тони Андоновски од Прилеп пристигна во клиниката Жан Митрев на 1 јуни откако му беше неуспешно направена ампутација на прстите и дел од стапалото.

-Докторот што ми ја направи ампутацијата ми рече дека не му изгледа најдобро и дека нешто не е во ред, вели Андоновски. После 15 дена болничко сместување во прилепската болница, тој одлучил да побара помош од експерти и доколу е можно да си ја спаси ногата.

Бил примен во понеделникот, а кога ги симнале преврските, докторите забележале дека ногата се наоѓа во многу лоша состојба.

-Ми рекоа дека раната е инфицирана и дека сум имал среќа што навремено сум реагирал, вели тој. Ако задоцнел само неколку дена, ќе морало да му ја ампутираат целата нога.

-Бев задржан во болницата и ми беше предложена ОЗОН терапија, озон вода и озон воздух. Терапијата траеше шест дена и во тој период многу брзо ми заздраве раната, од црвена и инфицирана, ткивото доби здрава боја.

Меѓутоа, беше детектирана и бактерија, па затоа во понеделникот беше направена бајпас операција со цел да се овозможи циркулација во ногата. Ако нема циркулација и не се храни ткивото, не може ниту да зарасне ногата – објаснува Андоновки, кој е целосно запознат со сите тераписки постапки и процедури кои беа извршени врз него.

-По направената операција, односно направениот бајпас, се продолжи со лекување на раната, односно таа беше оставена отворена и беше направена рендген снимка. На снимката се утврди дека ампутицата била направена многу лошо од страна на прилепскиот ортопед и поради тоа мораше да се направи реампутација, продолжува да раскажува Андоновски и вели дека поради лошо пресечените прсти, воопшто не можела да се сошие раната.

Затоа, во петокот му била направена реампутација. Тој е веќе 23 дена во клиниката, а по добиената озонска терапија и секојдневните превски на раната, тој конечно може да си замине дома.

-Му благодарам најмногу на лекар Димовски кој цело време беше покрај мене и заедно со мене се бореше за да ми помогне.

Огромна благодарност и до докторот Жан Митрев кој ми овозможи оваа ампутација да биде на трошок на болницата бидејќи самиот не бев во можност да ги сносам трошоците.

Голема благодарност и до докторот Христов кој исто така многу ми помогна во извршување на операцијата и ми беше голема поддршка. Благодарност и до докторот на одделението и на целиот медицински персонал и мора да кажам дека се гордеам што кај нас постојат вакви установи каде вистински помагаат.