Веќе некое време фамилијата Боб ван дер Харчен од Флорид слушале необични звуци на таванот од нивната куќа. Но, и покрај тоа што им било чудно тие на тоа не придавале некое поголемо значење.
Кога конечно се одлучиле да проверат за што станува збор, имале што да видат, имено на таванот пронашле змија долга 2 метри.
Веднаш повикале служба за фаќање змии, каде лицето одговорно од службата успешно ја фатило змијата и заклучило дека овој жител бил нивни подстанар од две до четири години. Морничаво зарем не….