Која е мајката, а која ќерка?

Фудбалерот Цеск Фабрегас (33) од 2018 г. е во брак со 12 години постарата сопруга Даниела Симан. Таа честопати го привлекува вниманието со својата убавина и со фотографиите на кои е со својата ќерка.

Даниела неодамна на Инстаграм и го честитала 21-виот роденден на својата ќерка Марија Тактук и збунила многу пријатели со објавувањето на нивни заеднички фотографии. Многумина се запрашале како е можно да изгледаат како сестри, а не како мајка и ќерка.

Цеск исто така и го честитал роденденот на својата поќерка и додал дека е горд што е нејзин очув.

Инаку, сопругата на Фабрегас својата ќерка Марија ја доби со милионерот и бизнисмен Елиј Тактук, кој разводот не го поднел најдобро. Неговата љубов со Даниела, со која го има и синот Џосеф, пукна 2011 г. Цеск и Даниела се венчаа 2018 г. по шестгодишната врска тие имаат три деца.

Убавицата наводно го завела младиот фудбалер така што му пришла во јапонски ресторан и му побарала автограм за синот. Според верзијата на нејзините пријателки, Даниела му оставила ливче со нејзиниот број на Фабрегас. Тогаш госпоѓата била омажена.

Елиј сфатил дека е изневерен кога во весниците ја видел својата сопруга како се гушка со фудбалерот во Ница. Веднаш побарал развод од 13-годишниот брак. Кога судот одлучил дека Тактук мора на Даниела да í исплати 1,4 милиони фунти, разочараниот бивши сопруг ја нарекол „спонзоруша“.

Бизнисменот неодамна заврши во затвор откако не ја почитувал судската одлука во врска со бракоразводната парница.