Помош има, но не можат да ја користат. Дел од свадбените работници не можат да аплицираат за новите мерки за финансиска подршка иако им стојат на располагање. Многумина од нив особено оние помалите со неколку вработени не ги исполнуваат условоите. Бараат државата да донесе мерки со кои ќе бидат опфатени само малите бизниси.

Едниот услов оној за приходот го исплнуваме, но вториот каде треба бројот на вработени да не се намали повеќе од 15 проценти не го исполнуваме, затоа што еден човек за мала фирма ако си отиде е повеќе од 15 проценти. Ние сме 7 луѓе, еден човек даде отказ и со тоа процентот не го исполнувам и со самото тоа немам право да аплицирам, вели Горан.

Повторно бараат Владата да донесе протоколи за работа. Многумина од нив или целосно го затворија бизнисот и ги отпуштија вработените или привремено фирмата ја ставија во мирување. Апелираат, ако не им се дозволи да работата целата индустрија ќе изумре.

Тука не се само рестораните за свади, има студија, дуќани со венчаници и многу други бизнси кои се врзани. Ние молевме за протоколи, сега оваа сезона ја промашивме што ја промашивме но за следниот период, за Велигден да се даде ветување дека ќе се дадат било какви протоколи за да се планира ова дејност работи со планирање, вели Горан.

Во слендиот периот бараат Владата да ги разграничи мерките, затоа што едни исти пакети не може да важат за текстилни фабрики и за фирми со 5 вработени.

Свадбената индустрија речиси цела година воопшто не функционира.