Маја Шупут објави интимнa фотографија и покажа како изгледа во шестиот месец од бременоста!

Имено таа важи за една од најатрактивните пејачки и водителки во Хрватска и на Балканот, но сега Маја Шупут, со нетрпение чека да се оствари во новата улога на мајка.

Таа е многу активна на социјалните мрежи, и со своите фанови споделува фотографии од бременоста, а сега ги израдува со една прекрасно и емотивно видео на кое може да се види како нејзиниот сопруг Ненад Татаринов и го бaкнува стомакот.

Маја која е во шестиот месец од бременоста, треба да се породи во март.

“Најсреќна на светот во последните 6 месеци. 24 недела бремена”, напиша неодамна таа под една фотографија на која позираат со нејзиниот сопруг.

Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

Маја Шупут и нејзиниот сопруг Ненад Татаринов во октомври јавно ја објавија веста дека ќе станат родители, а Маја во интервју за Индекс.хр изјави дека моменталната состојба во светот е совршена за нејзината бременост.

“Ова е одлично за бременост затоа што нема работа. Не знам како би било да се биде во друг град секој ден и да пее до зори”, заклучила таа.

Маја во едно интервју вели дека со оглед на годините (41) најверојатно ова и е прво и последно дете, па затоа решила да му удоволи во се, па така пејачката веќе набавила се што е потребно за детето, но рече дека не сака јавно да го открие полот на бебето.

Инаку таа открива дека има зголемен апетит па поради тоа не ја изоставува својата навика, вежбањето.

Важи за една од најбогатите пејачки

Маја Шупут често ја нарекуваат и „кралица на свадбите“. Таа важи за една од најбогатите пејачки во Хрватска.

Сепак, нејзината улога сега доби друга димензија, и таа од пејачка на свадби, денес стана една од најдобрите поп-изведувачи.

Таа е една од најдобрите жени претприемачи и основа свој бренд и продава разни производи наменети за припадничките на понежниот пол, а за Zena.hr. открива и како дошла до таа идеја.

-Бев на роденденска забава и не знаев што да купам за едно девојче. Нејзините родители само ми рекоа дека таа пее постојано. Па реков добро, ајде ќе одам по микрофон. Понудата беше толку лоша што бев зачудена, па затоа го купив најдоброто од сите оние лоши. Тоа дете беше најсреќно досега, и доби лош микрофон. Кога возевме дома, му реков на мојот сопруг за идејата и тој ми рече:

„Требаше да го имаш тој микрофон одамна“. И тогаш тој ми го овозможи тоа. Од идеја до реализација, продажбата е крвава работа и тоа ќе го каже секој претприемач – рече пејачката.

Majа вели дека со помош на свадбите успеала да ја достигне нејзината кариера, бидејќи како што вели во моментот кога таа започнала да пее по свадби имало многу малку успешни жени кои го работат тоа.

– Тогаш бев помлада, ми одеше на нерви и ми се чинеше дека никој не го почитува тоа што го работам затоа што правам повеќе концерти отколку свадби, но имаше толку малку успешни славни жени кои пеат на свадби, што морав да се истакнувам. Единствена конкуренција ми е Јоле затоа што јас едноставно немам женска конкуренција во таа сфера и затоа не беше тешко да станам кралица.

И тогаш кога луѓето почнаа да закажуваат свадби на моите состаноци, сфатив дека навистина сум супер. Секако, сето тоа одговараше на моето его и не ми беше тешко повеќе да го правам тоа. Да се разбереме работата не е лесна, доаѓате пред гостите а си одите последни а за да направите атмосфера е , навистина крвава работа. Јас навистина го правам тоа добро, се обидувам, звучи чудно, но јас умирам и родена сум на таа сцена и сега би ме навредило да ми кажат дека не сум кралица на свадбите – искрено рече Шупут.

 

 

mamaglamur.mk