Ги возиме последните метри од Македонското рели наречено Антифашистичка борба за слобода.

Фашистичкиот окупатор во Македонија (странските сили и домашните колабрационисти), како и секој друг окупатор ќе направи се‘ неговата окупација да остане. Се‘, апсолутно се‘.

Газат по лешеви, мртви луѓе бројат ежедневно. Не ги бројам јас кој сметам дека е ова измислен вирус, тие ги бројат.

Кога имаше 1-2  смртни случаи и неколку десетици заразени, целата држава ни ја ставја во блокада. Свеќи на гроб за задушница не запаливме, пред црква за Велигден не се состанавме. Беше забранет влез во Македонија.

Сега одеднаш, со десетици мртви и стотици заразени на ден, одеднаш нема карантини, нема затворени викенди, границите се сосема отвроени, косоварите ни донесуваат се повеќе заразени… Филипче и Караџовски по лешеви газат за да ја остварат амбицијата на фашистот Заев.

И во такви драматични услови, со само 8-мина набљудувачи од ОБСЕ (последниот пат беа повеќе стотина), со масовна корупција на ранливите категории од страна на СДС, со отпуштање од затвор на тешки криминалци, со наплив од Косово и Метохија ние ќе одиме на избори против окупаторот што сето ова го смисли и изрежира?!

Во Европа, ама и на Балканот неможеме да влеземе во ниту една држава, толку демек сме биле заразени – ама за на избори сме си биле таман!!!

Тешка и ризична задача имаме.

Активирани се сите алатки за останување на фашистот Заев на власт. Одработуваат, свесно или несвесно, за него најразлични бунтури, солзи, палчовци, бозовци, пазидупевци, интегри, заеднички и незаеднички македонии, родини, крадачи на поимот бојкотирам…

Активирани се сите алатки за останување на фашистот Заев на власт. Одработуваат, свесно или несвесно, за него најразлични бунтури, солзи, палчовци, бозовци, пазидупевци, интегри, заеднички и незаеднички македонии, родини, крадачи на поимот бојкотирам…

Ниту еден од нив не рачуна на гласачите на СДС, туку сите шансата си ја гледаат во незадоволните од Ве-Ме-Ре-Ото…

А што помалку гласачи за ВМРО ДПМНЕ, повеќе пртенци за СДС.

ВМРО ДПМНЕ не изнајде сила за да покаже коалиционен капацитет, па сите овие мали, ѓоамити десни партии, да ги собере до себе. Секако, доколку тие ѓоамити десни ако се пратени, формирани и финасирани за растурање на ВМРО ДПМНЕ (Дан Дончев до заинтересираните партии давал по 300.000 евра за борбата против ВМРО ДПМНЕ), не може да има било каков коалицирање.

Од друга страна, и оние чесни во тој непарламентарен дел од партиите, не покажаа минимум толеранција и коалицинонен капацитет да се соберат меѓу себе на купче, па да бидат каква таква сила.

Ама, сите тие лидери на пајтон партии се гледаат себе си како премиери, па така судирот на амбиции направи секој да тргне сам и така самостојно да го дроби, да го еродира, гласачкото тело што е национално определено.

Па така, се‘ останува на нас народот.

Проста е математиката, не бара филозофирање, ја-ви-реков мрсомудачи, безцелни проповеди, неостварливи фикции од неостварени луѓе (и приватно и професионално).

Просто е.

Ако после 10 дена распоредот во парламентот е таков да Зоран Заев формира партија – МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА ЈА ИМА ЗА 4 ГОДИНИ.

Зошто?

Па, наместо одговор, потесетете се каде и која беше Македонија пред 4 години, и што е сега оваа територија. И, сетет се на сите лаги, колнење о деца, ставање рака на срце…

Пред 4 години бевме ЕДОЈАЗИЧНА држава со име РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и привремена рефернца ФИРОМ. Имавме своја црква што не барше мајки по соседството. Имавме своја горда историја, и свои светли револуционерни датуми и херои. Имавме отворени граници. И, грците не можеа да си ги остварат своите амбици за бришење на државава. Не бевме членка на НАТо и на ЕУ.

Е, ама сега, сме членка на НАТО, иако никој жив неможе да објасни зошто сме заради тоа побезбедни кога и онака бевме опкружени од НАТО земји. А за возврат сега, немаме име, немаме име на држава на униформите на војниците, началникот на генералштабот не знаме како му се вика сопствената држава, црквата си бара мајка таму каде што не е мајка и‘, станавме двојазични, грчевито се бориме САМО Гоце да е наш, оти сите други ги дадовме на бугарите.

Ни ја избришаа светлата антифашистичка борба и историја, бугарските масакри ги претворија во апсења на багабонти и криминалци (шумкари), Македонските востанија ги направија бугарски, јазикот исто така, а албанскиот јазик здолжително ќе го учат дечињата. СЕ ШТО МИСЛЕВМЕ ДЕКА Е НЕМОЖНО ДА СЕ ДЕСИ, СЕ СЛУЧИ!!! Дури и масакрот во Ваташа го наредил и извршил македонец, а не бугарската фашистичка солдатеска!!!

Кога сето ова Заев и СДС го направија за неполни 4 години, сега кога сите што можат да се спротистават се по затвори со деценски казни, се под притисок од кривични пријави, со уништени бизниси и со исплашени следбеници, со трас-трас судство и рускоска обвинителство – може ли некој да ја види “големата слика“ како оваа територија ќе личи по нови 4 години на Заев?!

Тоа ќе се 4 години на рекетирање, осиромашување, задолжување, понижување, криминал, убиства и крајно – губење на ова парче земја што некогаш се нарекуваше Република Македонија.

Изборот е едноставен.

Не се состои во тоа дли овој ми се допаѓа или ониј не. Не се состои во тоа дека оние ме изневерија или не ми испорачаа. Не се состои во тоа дека не ми ги вработија децата.

Не.

Овдека е изборот дали ќа ја има Македонија или не.

Гласањето за СДС, гласањето за било која мала партија или негласањето/бојкотирањето-апстинирањето му донесуваат пратеници на Зоран Заев. Толку е тоа просто и едноставно, и е лесно да се види.

За 10 дена решваме дали ќе ја задржиме оваа оскатена, измрцварена и понижена државичка за да може да се врати во нормала, или ПОТПОЛНО ЌЕ ЈА ЗАГУБИМЕ.

  1. Миленко Неделковски