Ова е главната причина зошто жените стенкаат за време на секс, мажите ќе се разочараат кога ќе ја дознаат…

Во филмовите и на телевизија женскиот оргазам е претставен така што жените се во константна екстаза и едвај можат да се создржат од возбуда, а токму ова е пофалба за партнерот.

Научниците проучувале зошто жените стенкаат за време на секс и забележале нешто изненадувачки – дека некои од нив тоа не го прават од страст, туку поради фрустраија.

Истражувачки тим од Велика Британија поставил прашање дали жените за време на секс стенкаат поради страст или поради некои други причини (како што е милување на машкото его). Во истражувањето испитале 76 жени, од 18 до 48 години, за различни аспекти на сексот. Меѓутоа, централното прашање било стенкањето.

При тоа, поставиле прашања како: “Какви звуци произведува жената за време на секс? Зошто некои жени гласно стенкаат? Зошто некои жени гласно стенкаат за време или после оргазам?”

Стенкаат за сексот побрзо да се заврши

Резултатот е отрезнувачки: околу 92% од испитаниците признале дека стенкаат за да ја подигнат самодовербата на својот партнер, односно да му дадат до знаење на партнерот дека е добар љубовник.

Многу жени попрво би доживеале оргазам во тишина, наместо со гласно стенкање. 87% од жените признале дека стенкањето дополнително служи за мажот побрзо да сврши, односно, според изјавите на испитаничките, стенкањето за време на секс служи за побрзо да се заврши “партијата”.