На социјалните мрежи опозицијата објави електронска порака испратена од локална канцеларија на СДСМ во општина Карпош.

Во пораката која ја објави локалниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски се гледа дека партиската организација на СДСМ во Карпош до општината испраќа список со имиња на луѓе кои треба да бидат вработени како наставници што меѓу другото претставува и корупција.

До некои од имињата пишува дека се “наши” или “со книшка” што упатува на целосна партизација на администрацијата и образовниот процес, нешто за што реагира постојано и ЕУ и антикорупциските меѓународни асоцијации.