Швајцарскиот модел и инфлуенсерка Селин Сентино (26), потрошила цело богатство на пластични операции и тоа со една цел – комплетно да го смени својот лик.

Впрочем, оваа млада девојка сведочи дека со години била жртва на булинг во тинејџерските години. За време на нејзиното тинејџерство речиси сите од нејзиното опкружување и велеле дека е грда и ја исмејувале.

Тогаш Селин била несреќна заради својот изглед и секојдневно се соочувала со коментари од типот „многу си грда“, „на човек да му се згади кога ќе те види“.

Во интерјву за Daily Mail, таа и открила дека честопати глумела дека е болна за да не мора да оди на училиште и да се соочува со врсниците кои секојдневно ја навредувале.
Секој ден ме малтретираа. Ми велеа дека личам на машко затоа што немав гради или дека задникот ми е преголем. Дека лицето ми е грдо како ѓубре, стилот за никаде. Ништо на мене не им беше како што треба. Никогаш не ми дадоа прилика им покажам дека не сум лош човек.“
Сето ова ја натерало да штеди пари и тоа за пластични операции за кои денес таа тврди дека и помогнале да се чувствува добро во своја кожа.

За четири години ги три пати ги оперирала градите, носот, ги наполнила со филери и образите, брадата и усните.Отсекогаш сакав да имам големи гради. Да водам нормален живот без осудување и критики. Заштедив многу пари додека бев млада. Воопшто не сакав да излегувам и да се дружам пред да наполнам 18 години. Сега сум полна самодоверба и се чувствувам одлично. Повеќе никој не може да ме навреди и повреди“ – раскажува 26 годишната девојка.
Таа и додава дека честопати била депресивна и дека никогаш не се чувствувала добро во своето тело. Но денес живеме во време кога можеме се да промениме, додава таа.

Таа денес е вистинска ѕвезда на социјалните медиуми. Нејзиниот провокативен Инстаграм профил го следат повеќе од 300.000 следбеници. Таа вели дека добива различни реакции.