Власта се пофали дека платите растат.

Ова го покажаа најновите податоци објавени од Државниот завод за статистика.

Просечната плата во јули пораснала за 8,5 отсто, велат од СДСМ.

Наведуваат дека ова е постигнато со политиките кои се во интерес на граѓаните и на стопанството, како и ефикасните и навремени антикризни мерки на Владата при што и во време на пандемија дошло до раст на просечната плата.

„Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули оваа година, изнесува 27.867 денари. Просечната плата во државата, и во услови на кризата предизвикана со пандемијата со коронавирусот е за 8,5 отсто повисока во однос на јули 2019 година“, велат од СДСМ.

Тврдат дека откако тие се на власт платата пораснала за повеќе од 4.000 денари.

СДСМ вети и дека во овој мандат минималната плата ќе изнесува 20.000 денари, а просечната 34.000 денари.

И покрај Ковид-19 кризата, платите остануваат стабилни и растат, просечната нето плата е зголемена за 2.127 денари или за 8,5% споредено јули 2019 со јули 2020 година, напиша на Фејсбук, вицепремиерот за економски прашањаа, Фатмир Битиќи.
На прво место гледано по дејности останува секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности со просек од 68.557 денари.
faktor.mk