Бугарите барале да признаеме дека имаме бугарски корени. Па што сакавте да бараат кога пола Мк извади бугарски пасоши, на основа дека имаат корен од Бугарија. Сакавте да се е**те, а да не ви влезе, а? Сеа коа ни го спопикаа не кукајте.

Во секој бугарски пасош што го имате ви пишува дека сте Бугари. Сами се шитнавме. Затоа вие со бугарските пасоши да не ве слушнам да сте рекле нешто против тоа кое сте го потпишале таму за да го добиете пасошот. Ние останатите имаме право да се буниме. Вие не, бидејќи и вие сте дел од тие кои нè шитнаа. Можеби немаше да дојде до ова ако пола Македонија не плаќаше по 500 евра за пасош каде ќе им пишува Бугарин. Затоа сега шшшшш, потивко малце.

Само ние без бугарски пасоши сме легитимни да се буниме против оваа неправда. Вие не. Вие сте соучесници. Абе по 500 евра плаќавте за да ве пишат дека имате бугарски корени. Па трагикомично е ова сеа што токму вие се буните. Јас и еден куп такви што не се шитнавме имаме право и да протестираме против оваа неправда. А вие да си поќутите. Кредити земавте за да платите за бугарски пасош бе ееејјјј.

Кај ви беа тогаш националните чувства кога баравте посредници за бугарски пасоши? Тогаш ги немавте националните чувства затоа што се работеше за личен интерес – работа во странство. Овој народ нема да го биде баш заради тоа што личните интереси ги ставаме пред колективното добро.

Кога ќе прашав некој од моиве познаници, абе како вадиш бугарски пасош, ќе ти пишува дека си бугарин, а не си. Не ти е малце чудно и глупо да се пишеш тоа што не си? -Абе не ми е гајле како ќе се пишам, важно да заминам од Мк. Епа сеа како одеднаш ви стана гајле кога Бугарија го спроведува она кое вие години наназад го потпишуввте во пасошите?
Shilomagazine.com.au