Доколку сакате во домот да привлечете пари, сега можете да го постигнете тоа со една билка.
Како што останало од минатото според народните верувања, најпознатите исцелители на негативна енергија во домот се бујните, зелени билки кои во домот носат не само пари туку и позитивна енергија. Станува збор за прочуената јапонска билка красула чии дебели листови потсетуваат на монети.
Според некои верувања, постојат билки кои ја привлекуваат енергијата на богатството а се верува дека токму вакво е јапонското дрво на парите, со латинско име “Crassula ovata”. Оваа билка која носи различни називи, секаде е позната како билка која носи пари. На англиски на пример, често се нарекува „money tree“.

Доколку сакате успех во работата исто така се верува дека треба да ја имате оваа билка во просторијата во која работите, за да донесе позитивно влијае на работното место. Затоа е одличен избор за во канцеларии, а во некои азиски земји се пренесува од колено на колено.
Според Фенг шуи оваа билка треба да се ја поставите од десната страна на влезната врата доколку сакате да привлечете пари. Оваа билка потекнува од јужна Африка, доста е отпорна и не ја напаѓаат штетници а за оние кои се заинтересирани, билката може да ја најдат и кај нас.
Доколку набавите Красула, треба да знаете дека оваа билка не бара многу вода, не сака многу светлина но не треба да ја поставите на многу темно место бидејќи листовите ќе започнат да избледуваат. Никако не смее да дозволите оваа билка да ја пече сонце директно низ прозор.