Убава сте и обично студентка во Скопје. Важен е влезот во високото друштво. Важно е најмногу кој е вашиот промотор-контакт во тоа друштво. Доколку сте многу убави пробајте да влезете во естрадата и ќе завршите во креветите на познатите и богати политичари и бизнисмени. Рецептот е прост.
Обично девојките без добар контакт и промотор, кои се сместени по студентските домови завршуваат со улична проституција на 100 метри од домовите и кај Злате како најексклузивен посетен локал. Најмногу ги има околу Пелагонија и Континентал. Тоа се центрите на најниската и најрасипаната проституција.
Доколку имате познат во високите естрадни кругови или модни агенции, само сте на чекор да станете позната и скапа проститутка. Тоа зависи од вашиот памет и едуцираност, но и снаодливост. Никој не сака чускии и провинцијалки во елитниот свет.

Сакаат убави, негувани, едуцирани од средна, но и горна класа на општеството.
Добра скапа риба нема разголени делови на тело на социјална мрежа, но правилото е да има фотка со костум за капење, и толку. Тоа го бара високата клиентела.
Мојот влез во тие кругови беше едноставен. Пратеник од една помала партија, познат тип, барал секс со две. Моја другарка од Неготино побара помош од мене, бидејќи беше сама, а и имаше скромно искуство. Беше модел од реклама на Скопско, но секогаш слаба со финансии, бидејќи со сестра наркоман, парите лесно заминуваат од дома.
Понудата беше, доколку сме две и убави ќе даде 100.000 денари за само една ноќ.