Скокнала за да се спаси

Младата танчерка, Георгина Бодрик (22) од Австралија, скокнала од осмиот кат во нејзиниот стан во Мелбурн, со цел да избега од насилното момче.
Кога дознала дека нејзиното момче ја изневерува, Георгина се сретнала со разбеснето момче, кој откако е откриено што и прави на оваа млада танчерка зад грб, тргнал по неа за да ја тепа. Од страв, му се јавила на својот татко да дојде и да ја земе, но бидејќи ситуацијата веќе била сериозна, таа се фрлила од осмиот кат и паднала на оградата, а нејзиното тело се одбило во блискиот ендек. Таа била пренесена во болница и ставена во индуцирана кома.

Раката и е ампутирана до половина, а лекарите и дале само 10% шанси да преживее поради повредите здобиени при падот. Сепак, за среќа, таа успеала да се извлече и да помине без оштетување на мозокот. Таа не се сеќава на моментот пред скокот, а три недели ја хранеле со сонда и оди со инвалидска количка.

Таа неодамна проговори за емотивната злоупотреба што ја претрпела од нејзиното сега поранешно момче:
„Ако се обидам да го оставам, тој ќе седнеше на влезната врата и не ме пушташе да излезам од станот“, изјавила таа за еден австралиски весник. Семејството се обиде да ме предупреди бидејќи можеа да ги видат неговите манипулации, па тој постојано ги обвинуваше за мојата несигурност“, рекла оваа девојка.