Триесет и петгодишниот Мирослав Бошковски од Куманово, откако успешно закрепна од коронавирусот, вчера на Институтот за трансфузиологија даруваше конвалесцентна плазма. Тој е доктор  специјализант по интерна медицина и добро знае колку е важно да се биде доброволен дарител, но и да даде свој пример за поголема афирмација на овој релативно нов метод на лекување од ковид-19, па затоа без збор, за весникот ВЕЧЕР ја раскажа голготата низ која поминал тој и  целото негово семејство. Екипата на ВЕЧЕР влезе на Институтот за трансфузиона медицина во моментот кога Бошковски легна на  крводарителскиот стол во неговата хумана мисија. “Знаев дека има потреба од крвна плазма од мојата крвна група Б+, оти во Градската болница има пациент кому му е неопходна, се пријавив и по ургентните испитувања ме повикаа. Пациентот не го познавам, но се радувам што можам да помогнам во лекувањето“, вели младиот доктор.

Триесет и петгодишниот Мирослав Бошковски од Куманово откако успешно закрепна од коронавирусот, денеска  на Институтот за трансфузиологија даруваше конвалесцентна плазма. Тој е доктор – специјализант по интерна медицина и добро знае колку е важно да се биде доброволен дарител но, и да даде свој пример за поголема афирмација на овој релативно нов метод на лекување од ковид-19, па затоа без збор, за весникот ВЕЧЕР  ја раскажа голготата низ која поминал тој и  целото негово семејство. Екипата на ВЕЧЕР влезе на Институтот за трансфузиона медицина  во моментот кога младиот доктор легна на крводарителскиот стол во неговата хумана мисија.

-Знаев дека има потреба од крвна плазма од мојата крвна група Б+, оти во Градската болница има пациент на кого му е неопходна, се пријавив и по ургентните испитувања ме повикаа. Пациентот не го познавам, но се радувам што можам да помогнам во лекувањето, вели младиот доктор. Ни раскажа за голготата низ која поминувале откако на почетокот на април било констатирано дека позитивни на ковид-19 бил тој, неговите родители и брат му. Сите, освен брат му биле хоспитализирани 17 дена. Тој и татко му во кумановската болница, а мајка му на клиника во Скопје.

-Единствено брат ми имаше полесна клиничка слика и се лекуваше во домашни услови. Ние, сите тројца имавме потешка клиничка состојба. Бевме приклучени и на кислородна поддршка. Навистина непријатно искуство. Симптомите се тие, треска, малаксаност, болки во градниот кош, кои се интензивираа по седмиот ден кога и добив кислородна поддршка. За среќа, помина и еве ме сега во улога која ми ја налага и професијата, да помагам на болни, вели доктор Бошковски. Тој појаснува дека не се заразил на работно место и не е сигурен како го добиле вирусот.

На шега, му рековме дека сега е како актерот Том Хенкс кој ги сподели искуствата со јавноста и ја покажа кесата со крвна плазма која ја донираше, откако се излечи од ковид-19.

Доктор Мирослав Бошковски е еден од 22 хумани граѓани кој со многу љубов и позитивна енергија во изминативе денови даруваше конвалесцентна плазма.  Во изминатиов период во Македонија 22 донираа крвна плазма, а бидејќи некои од пациентите донираат и по два пати биле собрани 30 крвни единици. Според д-р Радица Грубовиќ-Растворцева, охрабрува фактот што околу 100 доброволци се во фаза на испитување ги минуваат строгите протоколи кои треба да се извршат пред да се донира.

– Ова е навистина хуман гест, кој се прави исклучиво на доброволна база, а го прават пациенти кои успешно се избориле со тешката болест. Досега се имаат пријавено околу 300 донори, од кои 80 се тестирани и дарувале 22, а се обезбедени 30 единици плазма. Во тек се тестирања на други 25 донори и се надеваме дека бројот на донорите сè повеќе ќе се зголемува. Ги охрабруваме и другите да се пријават, апелира д-р Грубовиќ-Растворцева. Таа се повикува и а фактот што во САД 20.000 пациенти имаат примено конвелесцентна плазма и дека резултатите се ветувачки.

На веб-страницата на Институтот за трансфузиона медицина пишува дека во крвната плазма на лицето кое било излечено од вирусната инфекција ковид-19 има антитела кои организмот ги создал за време на борбата против болеста. Плазмата која ги содржи овие антитела, кои се борат со инфекцијата, се нарекува конвалесцентна плазма. Таа се користи за лекување на заболените од ковид-19, бидејќи се врзува за вирусот во организмот на болниот, го намалува неговото дејство, а со тоа ја намалува и прогресијата на болеста.

Терапија со конвалесцентна плазма се покажала ефикасна во борба против болести предизвикани од вирусите ебола и САРС.

Со оглед на тоа дека не постои специфична терапија, ни вакцина, неодамнешните истражувања укажуваат дека конвалесцентна плазма може да биде корисна во лекувањето на инфекцијата предизвикана од новиот коронавирус (САРС-ЦоВ-2).

Конвалесцентна плазма може да дарува само лице кое има оздравено од инфекција ковид-19 ако ги исполнува стандардните услови за дарување на крв и дополнителните критериуми.