„Кралот на кокаинот“ бил син на сиромашен колумбиски фармер, но додека наполни 35, станал еден од најбогатите луѓе на светот.

И покрај неговите скромни почетоци, Пабло Ескобар станал лидер на картелот Медејин, кој бил одговорен за 80 посто од глобалниот пазар на кокаин.

„Ел Патрон“ заработувал проценети 420 милиони долари неделно, што го прави најбогатиот трговец со дрога на сите времиња.

Иако верифицирањето на богатството на Ескобар е невозможно поради природата на неговата заработка, проценките велат дека имал најмалку 30 милијарди.

1. Во средината на 1980-тите, картелот на Ескобар заработувал проценети 420 милиони неделно, што е вкупно речиси 22 милијарди годишно.

2. Ескобар бил сместен на листата на интернационални милијардери на престижниот магазин Forbes 7 години по ред, од 1987 до 1993. Во 1989 година, на листата котирал како седмиот најбогат човек на светот.

3. До крајот на 80-тите, снабдувал 80% од светскиот кокаин.

4. Криумчарел околу 15 тони кокаин во Соединетите Американски Држави секој ден.

Според новинарот Јоан Гријо, Медејин криумчареле најголем дел од својот кокаин преку брегот на Флорида.

„Тоа беше 900 милји долг пат од северниот брег на Колумбија и беше широко отворен. Колумбијците и нивните американски колеги спуштаа со авиони огромни количини на ’бело’ во морето, од каде пакетите беа собирани со глисери и носени на брегот. Понекогаш дури и ги праќаа со авион на копно во Флорида, оставајќи го да паѓа по полињата“, пишува Гријо.

5. Со други зборови, од сите Американци кои користеле кокаин, четири од пет шмркале линии снабдени од „Ел Патрон“.

6. „Кралот на кокаинот“ имал загуба од 2,1 милијарди долари секој месец, но тоа воопшто не било важно.

Неверојатното богатство на Ескобар станало проблематично кога веќе не можел да ги пере своите пари доволно брзо. Почнал да сокрива купишта пари по колумбиските полиња, напуштени магацини и во ѕидовите на куќите на членовите на картелот, според Роберто Ескобар, асистент сметководителот на „шефот“ и негов брат, во неговата книга „Приказната на сметководителот: Внатре во насилниот свет на картелот Медејин“.

„Пабло заработуваше толку многу секоја година што отпишувавме 10 посто од парите затоа што стаорците ги јадеа или беа оштетени од вода, или едноставно исчезнуваа“, напишал Роберто Ескобар.

Тоа би било сума од околу 2,1 милијарди, со оглед на огромната сума на пари која ја заработувал. Ескобар едноставно имал повеќе пари отколку што знаел што да прави со нив, така што едноставното губење на пари поради стаорци и влага не претставувало проблем.

7. Трошел 2.500 долари на гумени ластичиња секој месец.

Иако криењето и уништувањето на преголемите количества пари било голем проблем, браќата се соочувале и со друг, поелементарен проблем: уредно да ги организираат банкнотите.

Според Роберто, картелот Медејин трошел проценети 2.500 долари месечно на гумени ластичиња кои им требале за да ги задржат банкнотите заедно.

8. Еднаш запалил оган со 2 милиони долари бидејќи на ќерка му ѝ било ладно.

Во интервју од 2009 година со Don Juan Magazine, синот на Ескобар, Хуан Пабло (38), кој оттогаш го сменил своето име во Себастијан Марокин, опишал како бил животот со Кралот на кокаинот додека биле во бегство.

Според Марокин, семејството живеело скриено во планините во областа Медејин. Една ноќ, Мануела, ќерката на Ескобар, станала хипотермична.

Ескобар решил да запали 2 милиони долари во банкноти за да ја затопли.

9. Го нарекувале Робин Худ бидејќи им подарувал пари на сиромашните, градел куќи и згради за бездомниците, изградил 70 јавни игралишта за фудбал и направил зоолошка за сиромашните деца.

10. Имал договор со Колумбија да биде уапсен, но во луксузен затвор кој самиот го изградил и му го дал името „Катедралата“.

Во 1991 година, Ескобар бил уапсен и затворен во неговиот лично дизајниран затвор наречен „Катедралата“. Во еден од условите кои ги склучил со колумбиската влада, на Ескобар му било дозволено да избере со кого ќе престојува во затворот и кој ќе работи во тој затвор. Од таму можел да продолжи да го води картелот, а можел и да прима посетители кога сака.

La Cathedral била екипирана со фудбалско игралиште, скара и веранда, а во близина имало и куќа која ја изградил за неговото семејство, да бидат близу и да ги гледа. Исто така, колумбиските власти имале забранет влез на 5 километри од затворот.