Хакан М., работник од Турција кој со месеци не добивал плата за својата работа, одлучил да му се одмазди на шефот на необичен и брутален начин.
Хакан инаку бил вработен во експлоатација на јаглен, исплатата на платите доцнела, и откако повторно не добил плата за својата работа, седнал за дупчалка и уништил пет кабини камиони на неговиот работодавец.
Сопственикот на компанијата всушност е вујко на Хакан, а изнервираниот работник сакал да направи уште поголема штета, но луѓето го спречиле во тоа.
Видеото во кое Хакан ја зема правдата во свои раце, беше објавено и на социјалната мрежа Тикток, каде за кратко време стана вирална. Многу корисници на TikTok се идентификуваа со Хакан и му дадоа целосна поддршка.