По обраќањето до јавноста, Меркел и Вучиќ отидоа на работна вечера, а ресторанот што ја подготвуваше храната призна за ТВ Пинк дека „биле многу нервозни и служеле само традиционална храна што секој домаќин во Србија ќе ја послужи во својата куќа“.

„Се базиравме на служење храна од север до југ на земјата. За да ја покажеме нашата традиција, послужвиме кулен од Срем, најдобрите сирења, колбаси, пршута, сармички од зелка, што минатиот пат оставија посебен впечаток, и сето тоа го понудивме со најдобрите вина од Србија “, велат тие.

Тие додаваат дека канцеларката немала посебни барања.

“Тие навистина сакаа да пробаат се` што нудиме. Подготовките за ваква делегација траат многу долго”, заклучиле тие.