Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека додека бил тој на власт имало обид да се реши името со Северна Македонија.
„Јас ја пуштив информацијата во медиумите, а СДСМ толку „скокаше“ тоа време, мислам дека и некој штрајк организираа. Времето не беше толку зрело, ниту пак некој не притискаше толку многу.“, истакна Георгиевски.