Драги Рашковски, поранешен генерален секретар на Владата на Република Македонија, кој беше обвинет злоупотреба на службената положба при набавка на софтвери, а кому му беше изречена мерка куќен притвор, денес беше забележан на улица во населбата Аеродром.

Рашковски е сомничен е за набавка на софтвер, кој е негова иновација, додека беше генерален секретар на владата, а според обвинителството за организиран криминал и корупција, преку јавните набавки кои тој ги спровел направена е штета врз буџетот од околу 180 илјади евра.

Истрагата против Рашковски Обвинителството ја почна за софтвер кој чини над 80.000 евра, кој Рашковски во име на Владата го набавил од фирмата „Инвока“ за потребите на МВР, а на полицијата ниту ѝ бил потребен, ниту пак некогаш од него побарала да им набави таков софтвер за сообраќајни прекршоци.
Владата го раскина договорот на Pашковски за набавка на софтвер за полагање на испити на државните институции.

Од МВР за Инфомакс потврдија дека Драги Рашковски повремено го напушта својот дом, но потенцираа дека не се работи за прекршување на мерката домашен притвор, туку за дозволено оддалечување од домот поради здравствени потреби.

-Почитувани, Д.Р. има дозвола од Основен кривичен суд Скопје 1 со која поради здравствени потреби му се дозволува да се оддалечи од домот за да оди во точен период од денот да ја добие здравствената услуга. Дозволата е за точно определени денови. Во останатиот период од денот (освен периодот од неколку часа, кој му е дозволен од судот) Д.Р. ја почитува мерката. Конкретно денеска се направени две проверки од полициски службеници на СВР Скопје и Д.Р. ја почитувал мерката која му е изречена, велат од МВР.

Извор/infomax.mk