Кејти Патен од Балтимор доживеала срцев удар и била клинички мртва 45 минути. Докторите успеале да ја вратат во живот со кардиопулмонална реанимација. Според локалните медиуми, Патен речиси целосно закрепнала.
Иако во филмовите гледаме дека реанимацијата често завршува успешно, во реалноста само околу 10,6 отсто од оние што имаат срцев удар заздравуваат доволно за да бидат пуштени од болница, според истражување од 2018 г.
Woman Clinically Dead For 45 Minutes Miraculously Brought Back To Life: 'So Grateful God Gave Me Second Chance' https://t.co/yqEjmWudDL pic.twitter.com/LJblehNWBZ
— CBS Sacramento CBS13 (@CBSSacramento) September 15, 2021
Многу сум благодарна што Бог ми даде втора шанса. Ќе бидам најдобрата личност што можам да бидам. Многу е страшно, враќањето е втора шанса за живот – изјавила Патен.
Докторите, исто така, биле вчудовидени од реткото искуство.
– Нè научи што значи да се живее. Нè научи што значи да не се откажуваме – изјавил еден од докторите на Патен.