Медиумите пишуваа за тоа како пејачот поминал две години на улица како бездомник, еднаш дури спиел пред Бакингемската палата, па се стекнал со незамисливо богатство.
Ед Ширан е жив доказ за тоа како човек може да стане милионер од незавидна финансиска ситуација. По тешкиот период низ кој помина, Ед во моментов е најплатената музичка sвезда во светот!
Популарниот пејач се најде на првото место на Билбордовата топ листа за најплатена турнеја во 2019 година. Неговата турнеја од 54 настапи му донесе заработка од преку 223 милиони долари минатата година. Во јавноста се појавија тврдења дека оваа музичка sвезда заработува дури 85.000 евра дневно. Она што сè уште може да се види од извештаите што ги пренесуваат странските медиуми е дека музичарот Ширан плаќал данок во Обединетото Кралство од дури 6.029.210 евра.
Сепак, и покрај сè, Ед не ги заборава луѓето на кои им е тешко, често организира хуманитарни акции и редовно ја донира својата облека низ родниот град, која се проследува до детските болници во Фрамлингам.
Инаку, славниот пејач и неговата сопруга Шери Сиборн објавија дека им се роди ќеркичка која ја нарекоа Лира Антарктика Сиборн Ширан.
Гордите родители, како што пишуваат британските медиуми, се одлучиле за ова необично име инспирирани од омилената книга на Ширан „Неговите темни ткаења“ од Филип Пулман.