Во медиумите веќе со месеци се пишува дека пукнала тиквата помеѓу Северина и нејзиниот сопруг, Игор Којиќ.
Постојано се пишуваше дека пејачката му се вратила на стариот живот, и речиси целото лето Северина Којиќ го помина во родниот Сплит и во друштво на своите стари пријатели.
Северина на социјалните мрежи постојано објавуваше заеднички фотографии со Игор Којиќ но веќе со месеци, нема ниту една заедничка фотографија што дополнително ги подгреа гласините за разводот на парот.
Тие повеќе не се појавуваат заедно на јавни настапи како што тоа го правеа порано, а ниту Игор не се појавува на настапите на пејачката што до пред неколку месеци не беше пракса.

Летово на настап во Сплит, новинарите кои го следеа концертот на пејчката забележаа дека Северина повеќе не ја носи бурмата и тоа само ги потврди сознанијата дека брачниот пар Којиќ е на чекор до развод и дека Северина најверојатно веќе го започнала таквиот процес.

Но изгледа дека нивниот однос се уште е под знак прашање, бидејќи тие и двајцата се уште не се огласуваат во медиумите кога е нивната љубов во прашање, но затоа за прв пат јавно прозборе свекорот на Северина, таткото на Игор, познатиот пејач Кеба Којиќ.

Во изјава за Ало.рс Кеба вели дека никогаш не се мешал во нивниот брак, и дека не знае ништо за нивниот однос.

Не знам каде се и какви се нивните односи. Тие се возрасни луѓе и претпоставувам дека знаат, и тие секогаш знаеја што да прават. Од друга страна, сè што прават, тие си прават на себе. Ако ме прашате, љубовта никогаш не треба да се објаснува, ниту може да се објасни. Никогаш не го користам зборот како оружје, ниту за одбрана ниту за напад, така ќе биде и овојпат. Само нека бидат живи и здрави и Господ нека им ја даде целата благодат и среќа во животот – рече Кеба.

Кеба исто така ги прокоментирал и разните гласини кои кружат во јавноста, не давајќи конкретен одговор за разводот.

– Би сакал да им кажам на сите што се занимаваат со мојот живот и шират невистини, да го исчистат својот двор, бидејќи во мојот секогаш сè беше во ред. Јс би им рекол да се молат на Бога и да побараат прошка затоа што не знаат што прават и зборуваат. Не би судел никого, ниту можам, затоа што мојата мисија во животот е да им донесам радост на сите околу мене, изјавил Кеба за Ало.рс

Во јавноста излегоа многу приказни за нивната караница, а една од нив е дека пејачката била љубоморна. Наводно како што пред неколку месеци објавија српските таблоиди, причината за тоа што повеќе не се заедно, наводно била тоа што Северина го фатила Игор како тајно се допишува со некоја девојка и заради тоа го направила драма.

Откако не сакал да и даде објаснување за пораките, Северина повеќе не сакала воопшто да зборува со него. Наскоро решила да замине за Хрватска и од тогаш до денес трае и кризата во нивниот брак. Но како што пренесе српскиот „Cкандaл“, Игор само сакал преку свои пријатели и преку татко му да најде решение за проблемот на Северина со старателството, но не сакал да и дава лажна надеж, па затоа и не сакал да и каже дека го прави тоа.

Последната објава на пејачката, каде може да се забележи фотографија со Игор, е на 30 јули кога таа му го честита роденденот.