Поранешниот шеф на полицијата во Белград, Марко Ницовиќ, ги коментираше бруталните методи на убиство што ги користеше кланот на Веља Невоља.

Ницовиќ рече дека во сечењето на главите биле скриени два вида пораки, едната до противниците, а другата до членовите на неговиот тим.

Постојат два вида на пораки. Една порака е да им покаже на своите противници колку може да бидат сурови. И втората порака до неговиот тим е како може да им се одмазди ако го предадат, рече Ницовиќ.

Тој додаде дека овие методи ги користат мексиканските картели и руската мафија, но дека новина на групата Веља е што тие биле екстремно сурови и груби.

Ова се методите што ги користат мексиканските картели и руската мафија. Тоа е системот на заплашување – изјави Ницовиќ.Извор близок на истрагата, инаку експерт за организиран криминал, вели дека целата приказна за Беливук и неговиот клан неодоливо потсетува на озлогласените мексикански нарко-картели, како по суровост, така и по други нешта.

Кога ќе погледнете што направила таа група и како закани , соопштенија за убиства преку песни на социјалните мрежи, колење непријатели, снимање, прикажување на шифрирани пораки, сето тоа отстапува од стандардната балканска криминална иконографија. Наместо вообичаено сачекуши и бомби под автомобилот, оваа група јавно ги објавуваше своите злосторства на социјалните мрежи, вели тој.

 

Сето ова неодоливо потсетува на иконографијата на мексиканските картели, кои се познати по сурови и брутални конфронтации со нивните ривали, кои ги мачат и касапат на најмонструозни начини. Тие често ги снимаат и објавуваат тие снимки, кои покажуваат сцени кои за обичните луѓе преставуваат незамисливо насилство.

Картелите постојат повеќе од еден век и многу рано ја прифатија модерната технологија, додека оваа група на Беливук, наводно, е основана пред само околу две години. По некои информации од полицијата оваа група исто така ги мачеше им ги сечеше главите на своите противници, а една од инфомациите е дека со главата на еден од нив играла фудбал. Ништо од ова не е дел од обичаите на претходните криминални групи од оваа област, вели експертот./Vocentar.com