Мачка уби бебе, додека спиело во својата количка, додека мајката на детето вршела домашна работа. Мајката на бебето отишла да ја провери ќерката Александра, која ја оставила во дворот позади куќата во Липовецки, Украина.

22 годишната мајка се приближила до бебето и здогледала дека една од домашните мачки седи на лицето на бебето.

Кога се приближила мачката избегала од количката, но за жал бебето веќе било задушено и не дишало. Мајката повикала брза помош, кои испратиле веднаш возило и екипа од лекари, но за жал било доцна.

Затоа органите на безбедноста советуваат да се внимава со малите деца и домашните миленици. Важно е да не ги оставате без никаков надзор, тие сепак се животни и од небрежност можат да го чинат вашето бебе еден живот.