На едно место се пронајдени 5 вонземски бази, тврди експерт. Тајните премини водат во морето.

Скот Варинг, човек кој со години наназад на својот Јутјуб канал се обидува на човештвото да му овозможи докази дека на оваа планета не сме сами, тврди дека конечно ја пронашол вистинската работа.

Самопрогласениот експерт за НЛО тврди дека открил влез во пет различни подземни бази во Јужна Калифорнија. Тој верува дека наводните бази имаат тајни премини кои водат во морето.

Користејќи Google Earth, Варинг открил пет вдлабнатини со овален облик кој на прв поглед изгледаат совршено вклопено. Гледајќи ги снимките, Варинг дошол до заклучок дека овде се кријат подземни вонземски бази.

“Пет островои на мапа под совршен агол од 45 степени. Тука е средниот круг кој е најголем, а потоа кон краевите се наоѓаат се помали кругови. Тие се построени паралелно еден со друг. Сето ова би требало да е статистички невозможно, но еве…можно е”, напишал Варинг.

Научниците излегле со теорија дека тоа се мочуришни подрачја познати како Заливите на Каролина. Се работи за елиптични вдлабнатини кои се исполнети со плитки подземни води. Такви места нема само во Јужна Каролина, туку и во Џорџија и по должината на Атланскиот океан.

Геолозите се збунети со откритието, додека ги има и оние кои наведуваат дека овие “бази” можеби се последица на удар со комета во дамнешни времиња. Без разлика која е вистината, ловците на вонземјани како Скот Варинг апсолутно се убедени дека ова е доказ за тоа дека не сме сами на Земјата.

Погледнете го видеото во продолжение кое Скот го објави на својот Јутјуб канал: