Фудбалерот Кристијано Роналдо неодамна потпиша договор со Манчестер Јунајтед. Тој и неговото семејство најдоа нова вила за живеење, но по една недела се преселија во друга куќа.
Роналдо се пресели со својата партнерка Георгина Родригез и децата бидејќи им пречела бучавата што ја создаваат овци, пишува The Sun. Тој, исто така, се плашел за сопствената безбедност.
“Иако имотот е прекрасен и се наоѓа помеѓу многу полиња и шуми, во близина има овци кои се многу бучни рано наутро. Има и јавна пешачка патека и пат со поглед на влезната врата. Роналдо е вистински професионалец на кого му треба квалитетен одмор и закрепнување по игрите, па заклучи дека е најдобро за него и неговото семејство да се преселат “, рекол изворот.
Нивниот нов дом имал базен, кино и гаража каде можат да се паркираат четири автомобили. Имотот е обезбеден и со камери за надзор и електрична влезна врата и е под постојан надзор.