Тој има само 13 години и успеа да изгради сопствен дом за само 1.500 американски долари. Се работи за младото момче Лук Тил.
Да се купи сопствен дом не е лесен подвиг, ниту пак да се изгради. Сепак, тоа е токму она што го направи 13 годишниот Лук Тил – тој го изгради својот многу мал дом во дворот на неговите родители – и сето тоа за 1.500 $ !
Лук Тил е осмо одделение од Дубук, Ајова. Но која била причината за тој да започне со овој подвиг? Тој одлучил дека сакал да создаде свој дом, затоа што му било досадно за време на неговиот летен одмор. Додека некои деца може да се жалат или да се заклучат себеси во затворен простор со своите игри на мобилен или таблети, а тој се подготвуваше да гради.