Александер Зверев не успеа да застане на патот на Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на УС Опен (4-6, 6-2, 6-4, 4-6. 6-2).
Германскиот тенисер започна одлично и се чинеше го пронајде решението за големиот ривал. Но, потоа 20-кратниот Грен слем шампион започна да ја чита неговата игра и стигна до пресврт и ново финале во Њујорк.
Со еден брејк во воведниот сет, Германецот стигна до предност. Првиот носител возврати на почетокот од вториот сет, кога брзо го одзеде противничкиот сервис, а потоа со втор брејк ја потврди фантастичната игра во полуфиналето.
Следуваше голема борба во третиот сет. Ниту еден од двајцата тенисери не попуштија во првите девет гема. Тогаш Ѓоковиќ стигна до 0-40 и три сет топки. Зверев одбрани две, со спектакуларни поени, но немаше сили да го спречи налетот на противникот, кој стигна до 6-4 и прва предност во финалето.
Германскиот ас прв зададе удар на стартот од четвртиот сет. Покажа упорност и на самиот старт стигна до 3-1. Истата успеа да ја одбрани со сигурен сервис и обезбеди одлучувачки петти сет. Ѓоковиќ веднаш се наметна и покажа зошто е прв фаворит за трофејот. Со двоен брејк замина на недостижна предност и успеа да слави.
Противник во неделното финале ќе му биде Данил Медведев од Русија, кој во три сета го елиминира Фелик Ожер Алиасим (6-4, 7-5, 6-2).