Љубителите на зимските спортови кои уживале во еден ски-центар во Романија останале во шок откако на патеката влетала мечка. Шокантната сцена била снимена од еден од скијачите кој во моментот бил на жичницата, а инаку се се случувало во познатото романско скијалиште Предеал.

Во видеото се гледа како мечката брка еден скијач, кој во паниката единствено што можел да стори е да забрза надолу. И додека тој се обидувал да спаси жива глава, луѓето кои биле на жичницата паничко врескале со намера да го привлечат вниманието на животното. Мечката не сакала да се откаже од својот плен, но скијачот имал многу среќа и успеал да се спаси. И тоа благодарение на ранецот кој го имал на себе. Во еден момент го фрлил ранецот и ѕака ја запрел мечката.

Погледнете ја сцената, делува смешна, но на скијачов дефинитинвно не му било до смеење.