Нова скијачка дисциплина вечрва во скопската населбата Аеродром ги изненади и ги изнасмеа жителите на улицата “Пандил Шишков“.  Извесен дечко, мртов сериозен,  стави скии на нозе, па се врза со едно јаже за кола која го влечеше и така уживаше додека скија на снегот.

“Ај, дај уште еднаш. Немај гајле, врзано е јажево“, му вели скијачот на возачот. И така Аеродром стана ептен монденски, па додека ги чекаме голф терените кој ги најави градоначалникот Златко Марин, се појави ски стаза со нова скијачка дисциплина.