13 часот. Демонстрантите се собраа кај паркот во Чаир.

Во 13:20 се упатија кон Судот со цел да го изразат своето незадоволство од, како што велат, монтираните судски случаи.

Маршот наиде на полициски кордон кај ТЦ „Мавровка“. Ситуацијата до тој момент беше мирна… Демонстрантите побараа полицијата да им го ослободи патот, бидејќи протестот бил најавен и одобрен од МВР до Влада.

Во неможност да пристигнат до Влада, одлучија барањата да ги изнесат тука…

По соопштување на барањата, дел од демонстрантите станаа агресивни. Полицијата реагираше фрлајќи шок бомби.

Освен шок бомби полицијата фрлаше и со камења. При судирот, беа повредени неколку полицајци, еден демонстрант беше уапсен.

И додека се случуваше сето тоа, двајца возрасни мажи, на само неколку метри од целиот хаос беа крајно искулирани, мотајќи си тутун. Погледнете го видеото: