Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва директно од Абу Даби им се обрати на српските граѓани. За време на разговорот, Вучиќ се осврна и на борбата на државните органи со организирани криминални групи.

Не можете да и објавите војна на мафијата и да очекувате да не возвратат. Кога го уапсив Мишковиќ, знаев дека ќе вложи многу пари за да ме тргне од власт. Овој тим е многу поопасен. Почнавме борба со луѓе кои сечеа глави, касапеа луѓе. Најдовме уште снимки и уште едно мртво тело на тие снимки, откри тој.

Српскиот претседател изјави дека во телефоните е пронајдена фотографија од уште едно тело, но и разни други докази – како се сече човечко тело и се сечат глави.

Ако ова траеше една година или две, тогаш е јасно дека тие имаат силна политичка поддршка, рече Вучиќ.

Вучиќ истакна дека некои луѓе сметаат дека се помоќни и посилни од државата.

Кога зборував за полицајците во Ферари од 400.000 евра, за Ферари на извесен Бајрами, никој не сакаше да ме слуша. Јас на тоа укажував и немаше никаков одговор

Тој изјави дека никој од неговото семејство немал никаков контакт со нив, но дека тој знае кој имал контакти.

Бегав од вистината затоа што долго време не верував дека некои од луѓето што ги избрав беа вклучени во сето ова, изјави српскиот претседател.

Вучиќ посочи дека луѓето кои имаат десетици милиони евра ќе сторат сè и сториле сè, со некои луѓе на високи позиции, за да го нападнат и уништат него и неговото семејство со најбесмислени лаги, и додаде дека нема такви обиди за уривање на државата без странски фактор.

Мојата порака до оние што сечат глави, до оние кои мислат дека можат да ја уценуваат српската држава и да купат дел од медиумите, вие можете да сторите сè, но јас нема да се покорувам и ќе се борам против вас, мафијаши, тајкуни, крадци што ја уништувате државата. Јас им гарантирам на луѓето дека ќе се бориме против нив, рече Вучиќ./Vocentar.com