Пејачката се пофали дека е на зимување со семејството, но го привлече вниманието и со тетоважата.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Сузана Гавазова важи за една од најзгодните фолк пејачки во Македонија, а на социјалните мрежи редовно привлекува внимание со своите фотографии.Пејачката овој пат објави неколку фотографии и откри дека е на зимување во Копаоник.Но покрај фотографијата од која можеме да видиме како ужива на вчера со сопругот, пејачката објави и една на која во центарот на вниманието е нејзиното деколте, а на сите им го привлече вниманието со тетоважата која ѕирка под тесната облека на овој дел од нејзиното тело.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Имено, Гавазова под левата клучна коска ги има истетовирано зборовите „Љубов, надеж, верба“, но на италијански јазик. Како што своевремено самата откри за медиумите, оваа тетоважа ја има направено со надеж и верба дека еден ден ќе го најде својот животен сопатник, што набргу и се случи.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Покрај оваа тетоважа таа имаше и една во форма на око, која пред извесен период ја покри со друга.

Пејачката е свесна дека има убаво тело и тоа не го крие, а од овие фотографии можеме да видиме и дека има голема тетоважа на раката, во пределот на рамото.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Таа своевремено, пред да ја направи оваа тетоважа, за тоа ги извести и своите фанови.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Еве како овој дел од телото на Гавазова изгледаше порано, пред да ја покрие старата тетоважа.