Островот Јеџу во Јужна Кореја е познат по тоа што авионската рута Јеџу – Сеул е една од најпрометните рути во светот. Но, овој остров е познат и по нешто друго, неговите „морски дами“. Миџо Ким, фотограф од Њујорк решил да го прикаже животот на овие храбри дами во интимна серија фотографии именувани како „Мајка на морето“.

Овие постари дами локално се познати како „Haenyeo“ и пливаат на длабочини од 20 метри до океанското дно за да собираат морски полжави, ежови, морски краставици и лигњи.

Тоа го прават без да употребуваат кислородни боци и понекогаш можат да издржат и до 2 минути без воздух во екстремно студените води.