Ова го покажува и случајот со една Англичанка која не е сигурна што треба да стори на нејзиниот прв „вистински“ состанок со маж.

„Имам 32 години и пред карантинот запознав прекрасен човек кој е 3 години постар од мене. Се слушаме секој ден и имаме многу заедничко. Но, како што се приближува нашиот прв состанок, се повеќе се плашам “, вели таа.

Додава дека имале многу заеднички планови за во иднина, но кога станува збор за врските, таа е неискусна.

„Никогаш не сум имала секс, но тоа не е најголемиот проблем за мене. Преплашена сум од првиот бакнеж. Досега не сум бакнала никого и параноична сум. Јасно ми е дека нема правила за бакнување, но убедена сум дека некаде ќе направам грешка и затоа се срамам“, вели Британката.

Таа посочува дека не сака да каже колку е неискусна бидејќи се срами да не ги влоши работите.

„Знам дека тој имаше неколку девојки пред мене. Очајна сум, што да направам?“ прашува таа.

Советот кој го добила на интернет страница за врски бил дека сето тоа не е така тешко како што таа мисли и дека треба да му се препушти на моментот.

„Не брзајте… Кога сте подготвени да бакнете, ќе му се препуштите на моментот и ќе видите дека нема како да погрешите. За да ви биде полесно на почетокот, држете ги бакнежите кратки и едноставни.“