Исповед на еден сопруг: Мојата жена ми го рече она, што никој маж не сака да го слушне…

Јас всушност во текот на целиот мој живот не сватив зошто сексуалната потреба на мажите толку многу се разликува од сексуалната потреба на жените.

Никогаш не го разбрав она со Марс и Венера. Исто така не го разбрав и тоа зошто мажите размислуваат со главата а жените со срцето. И на крај, навистина не разбирам зошто сексуалната желба опаѓа кога ќе ги изговориш оние фамозни два збора ” Да, ја земам “…

Пред некоја вечер, мојата сопруга и јас бевме в кревет. Страста почна да пламнува, и се беше во ред кога таа ми рече:

– Не можам сега, не сум расположена, би сакала само малку да ме подржиш во прегратки.
Реков:

– Што? Што е сега пак ова?

И тогаш TAA го рече она што ниеден маж на планетава несака да го слушне:

– Ти едноставно не ги разбираш моите емоционални потреби кои ги имам како жена, за да ги задоволам твоите физички потреби кои ги имаш како маж…

На мојот збунет поглед и израз на лицето, TAA додаде:

– Зарем неможеш да ме сакаш поради тоа што сум, а не само поради она што го правам со тебе в кревет?

Сфатив дека таа вечер нема да биде ништо од сексот, се свртев на другата страна и заспав.

Следниот ден се јавив кај шефот на работа и му реков дека ќе земам слободен ден за да го поминам со мојата сопруга. Отидовме заедно на ручек во ресторан, а потоа ја одведов во огромниот трговски центар само за женска гардероба и слични потреби. Ја следев наоколу додека испробуваше неколку фустани, пантолони, блузи, кошули, скапи комплети… Возбудата кај нејзе беше очигледна а неодлучноста што да одбере уште повидлива, па и реков дека сите што и се допаѓаат ќе ги земеме!

Нормално, сакаше и чевли и ташни што ќе и одговараат на гардеробата, па и реков да си земе по еден пар за секој дел од гардеробата. Така шетајќи низ шопинг центарот, дојдовме до делот за накит каде и купив пар дијамантски обетки и огрлица….

Да ви кажам искрено, тоооооооолку многу беше возбудена, што се обложувам дека мислеше како сум на работ од банкротство. Мислев дека ме тестира кога побара да и купам уште еден комплет гардероба и патики за тенис, зашто никогаш во животот не фатила рекет в раце!

Сигурен сум дека ја натерав да се подзамисли кога и реков:
– Секако драга, одбирај.

Скоро беше блиску и до сексуална возбуда од толку емоции во нејзе, кога онака блажено насмевната ми рече:

– Тоа е се драги, ајде на каса да платиме.
Едвај се воздржував да не експлодирам! Некако со крајни напори смирено и одговорив:

– Неможам сега, не сум расположен.

Лицето и пребледе а устата и остана подотворена од неверување што се случува:

– ШТОООООО?????

Тогаш и реков:

– Само сакав да ги држиш во прегратки сите тие работи… Ти едноставно не ги разбираш моите финансиски проблеми кои ги имам како маж, за да ја задоволам твојата потреба за купување како жена!

И баш во моментот кога ме погледна полна бес, како да сака да ме убие, додадов:

– ЗАРЕМ НЕМОЖЕШ ДА МЕ САКАШ ПОРАДИ ТОА ШТО СУМ, А НЕ ПОРАДИ ТОА ШТО МОЖАМ ДА ТИ КУПАМ ?