Една малолетничка починала откако ја прегазил воз во Марибор додека се фотографирала со нејзина другарка на пругата.

Несреќата се случила во вторникот во 15 часот и 10 минути на станицата Тезно, а пред да се случи несреќата, кондуктерот сигнализирал, бидејќи не можел брзо да закочи, но било предоцна, пренесува порталот 24УР.

Едната девојка починала на самото место, а другата е пренесена во болница во сериозна психичка состојба.

Истрагата покажала дека девојчињата се фотографирале на шините, како и дека патничкиот воз што сообраќал на линијата Љубjана – Марибор започнал да им сигнализира бидејќи не можел да запре веднаш поради брзината. Тие скокнале од шините во последен момент, но за жал за едната било предоцна.