Сквотовите го зголемуваат лачењето на хормонот на стресот и тестостеронот, и претставуваат одличен начин да ги зајакнете нозете и долниот дел од телото, а влијаат позитивно и на другите мускули, пред се’ на стомачните и тоа долните кои инаку е тешко да се дефинираат и ослободат од масните наслаги.
Оваа вежба го намалува ризикот од повреда на колената, како и на зглобовите воопшто, со редовен тренинг тие стануваат поотпорни и поцврсти. Покрај тоа, сквотовите (клекнувања), телото го прават пофлексибилно, па на почетокот од секој тренинг ќе го немате повеќе она чувство на вкочанетост и ќе ви биде потребно помалку време за да се загреете.
Две причини, особено важни, поради кои би требало да започнете со оваа вежба се зголемено лачење на хормонот на растот и тестостеронот.
Тестостеронот е особено важен кај мажите, а е поврзан со нивото на либидото, односно, колку повисоко ниво на тестостерон, толку поголема желба за сексуални односи и елиминирање на проблемите со импотенција!