Објавена е компилација на сите словенски говори,Македонија ја претставува Канал 5 (ВИДЕО)

Јутјуб се појави видео од сите словенски јазици , кои може да се слушнат на светот , како рускиот , белорускиот , чешкиот, словененечкиот, српскиот , хрватскиот , босанскиот и се разбира, македонскиот.

 На видеото се прикажани исечоци од вести и информативни емисии на повеќе земји , каде што се говорат јазици од словенската група. Делот од видеото за јазикот што се зборува во нашата држава е претставен со нашата презентерка Љубица Јаневска на вестите на Канал 5.

Канал 5 го избриша срамното N. (North) на сликата ( screenshot-от) од името на нашиот јазик, кој според Преспанскиот договор и најважно според ОН е само македонски јазик. Канал 5 исто така ќе поднесе соодветна реакција до овој Youtube канал.