Војводата и војвотката од Кембриџ, го имаа своето прво јавно појавување, по скандалозното интервју на принцот Хари и Меган, кое се емитуваше во неделата.

Тврдењето дека некој од семејството бил загрижен околу бојата на кожата на Арчи беше најштетното тврдење од интервјуто со Опра и предизвика огромна штета на угледот на кралското семејство низ целиот свет. И додека сите шпекулираат околу тоа, која е личноста, која ја направила забелешката за бојата на кожата, принцот Вилијам е првиот кој проговори пред камерите.
Запрашан за коментар околу тоа дали зборувал со својот брат, Вилијам на кратко искоментира дека се уште не стапиле во контакт, но ќе го направат тоа наскоро.
Новинарите побараа реакција и за тоа дали кралското семејство е расистичко.
-Ние не сме расистичко семејство, кратко возврати тој.

Претходно, британските медиуми, повикувајќи се на извори од палатата, објавија дека кралицата Елизабета Втора, решила лично да се погрижи за целата ситуација и да им подаде маслиново гранче на Меган и Хари, со цел мирно разрешување на конфликтот кој што настана.