Откако ја нападнаа поради објавата на фотографијата од 2010 година на која позира како библискиот лик Саломa, хрватската пејачка Северина Којиќ одговарала на коментарите на следбениците, што многу ретко го прави, а со некои влегла и во дискусија.
Една следбеничка на Инстаграм коментирала дека Северина пред неколку години намерно го објавила своето интимно видео во јавноста, со цел да привлече внимание.
„Ова со јахтата не ви требаше. Па, зарем мислите дека би снимала нешто без шминка и би го објавила во јавноста? Но, гледам, го следите и тој дел од мојот опус. Не сте единствениот др**џија и затоа бидете среќни, многу ве има и се множите и никој ништо не ви може. Ние ги сакаме др**џиите и им испраќаме љубов“, одговорила Северина.
Во меѓувреме, и коментарот и одговорот на Северина исчезнаa од Инстаграм.
Северина, сепак, посакала и да се пошегува со следбениците кои го коментирале видеото, па на прашањето „Кога ќе биде новото видео, Севе“, таа одговорила: „Кога ќе снимам плоча, срце“.