Да бидеш танчерка не е ништо чудно.

Не е ниту чудно да ја работиш својата работа. Но, да завршиш во тројка и тоа во среде пандемија…добро, можеби ниту тоа не е чудно, но околностите под кои се случило тоа, се секако необични.

Токму ова и се лсучило на една 23 годишна девојка. Таа е танчерка во аматерска група и заедно со своите другарки настапувала по клубови, пабови, а некогаш и на приватни прослави.

Се до изолацијата.

Таа неодамна се обратила на познатата колумнистка Деидра на Sun, за да побара совет. “Со оглед на тоа дека едвај се гледавме, за време на изолацијата, другарките и јас одлучивме малку да ги прекршиме правилата и да заминеме на роденденска забава заедно со момчиња кои ги познававме од теретана”, вака ја започнува својата приказна 23 годишната девојка.

Журката била во клуб кој се наоѓал во близина на теретаната, и според нејзините зборови, тоа била сјајна ноќ во која имало многу џускање и алкохол. Всушност, била толку добра што физичката дистанца била заборавена.

“Нозете ме болеа толку многу, што едно момче ме носеше дома, додека друго ми ги носеше чевлите. Моите не беа дома, па ги повикав кај мене. Испивме уште малку, а потоа следеше секс”, напиша 23 годишната девојка.

Доколку мислите дека ова е крај на приказната, сте згрешиле. Новиот хаос настанува следното утро, откако девојката ќе се разбуди и ќе сфати дека и го нема градникот. Му испратила порака на едно од момчињата со прашање каде е нејзиниот градник, при што добила фотографија на која седи врзана за стол со маска преку лицето, додека тој го држи градникот над нејзината глава.

Откако го замолила да и ја врати облеката, добила одговор во вид на смајлиња кои умираат од смеа. Уплашената девојка побарала совет од Деидра, бидејќи се уплашила дека фотографиите би можеле да завршат на интернет.

Добила одговор дека момците со споделување на нејзините голи фотографии го прекриле законот и ја посоветувала случајот да го пријави во полиција, како и да прекине секаков контакт со момчињата кои ги сметала за пријатели.