Светлана Цеца Ражнатовиќ е во емотивна врска со 9 години помладиот дечко Богдан Срејовиќ, а заедно се веќе неколку месеци.

Цеца својот нов избраник го запознала со децата пред Нова Година, а имала прилика да ја запознае и ќерката Искра на Богдан на чиј што роденден присуствувала неодамна.

Ceca Ražnatović, Bogdan Srejović

Среќниот пар веднаш по обелоденувањето на врската кај најблиските се упатил на зимување на Јахорина.

На Цеца и Богдан им е многу убаво во врската. До сега Цеца се трудеше својот емотивен живот да го зачува само за себе, но откако ги фотографираа папарацо фотографите сфати дека веќе не може да крие. Анастасија и Вељко се запознаа со Богдан на една вечера која што Цеца ја организираше во нивниот дом, а пред да ги запознае со Богдан беше во врска еден месец. Анастасија, Вељко, како и останатите членови од семејството веднаш го прифатија Богдан и многу им се допадна, а тоа и беше најважно на Цеца, откри добро информиран извор за српски „Курир“.

Bogdan Srejović, Ceca Ražnatović